Драгиша Милетиќ

Драгиша Милетиќ е роден на 29 април 1956 година во Краљево. Од 1972 година живее во Скопје. Студирал графички дизајн на Универзитетот во Битола, а по професија е дизајнер и сликар.

Бил втор претседател на Демократската партија на Србите во Македонија до 2001 година, кога на таа функција го наследил Иван Стоилковиќ. Потоа ја предводел Радикалната партија на Србите во Македонија. Со основањето на Српската напредна партија во Македонија во 2009 година, Милетиќ бил избран за нејзин претседател.

Во периодот од 2011 до 2014 година бил пратеник во Собранието на Северна Македонија. На првиот конгрес на партијата, одржан на 9 март 2014 година во Куманово, бил разрешен од функцијата претседател. Милетиќ овој конгрес го сметал за нелегитимен и свикал сопствен конгрес во селото Бањани кај Скопје, на кој повторно бил избран за претседател на партијата.

1 thought on “Драгиша Милетиќ”

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top